речник контакт

Како и зошто се менува времето на часовникот?

Воведувањето на летното сметање на времето бил долг процес и често пати бил менуван во текот на годините

Петар Печков

 Се почнало со Бенџамин Френклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 го напишал есејот „Економичен проект“.

Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот на Германија прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично.

Поместувањето на стрелките во западна Европа воведено е на почетокот на ’70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Во Европа во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од месец март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време.

Европската унија и останатите земји во Европа  од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври.

Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население.

Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето.

Од 2007 Американците го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември.

На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната.Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.

Повеќето модерни компјутерски оперативни системи имаат можност за автоматски премин на летно сметање на времето. Меѓутоа Израел до пред неколку години го менуваше летното време различно од остатокот од светот, поради посебниот лунарен календар, така што повеќето системи не можеа да преминат кон израелското летно време.

Некои астрономи меѓутоа се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »